Македонија до 19 години ја победи Бугарија со 1:0

Објавено на 09 Мај, 2017 во Вести


Македонската репрезентација до 19 години ја совлада соодветната селекција на Бугарија со 1:0 на првиот од двата пријателски натпревари на тренинг центарот "Петар Милошевски" во Скопје.

Јани Атанасов од пенал во 11. минута беше стрелец на единствениот погодок на мечот. 

Нашата селекција имаше убава можност и да го удвои водството, но ударот на Трапановски го одбрани гостинскиот голман. 

Бугарската репрезентација иако на моменти имаше поголем посед на топка, реално не создаде сериозна шанса за израмнување.

Вториот меч помеѓу двете селекции се игра в четврток од 11:00 часот. 

МАКЕДОНИЈА до 19 години - БУГАРИЈА до 19 години 1:0 (1:0)

Пријателски натпревар / Тренинг центар „Петар Милошевски“

Стрелци: 1:0 - Јани Атанасов (11'); 

МАКЕДОНИЈА до 19 години: 1. Христијан Стевковски, 2. Кирил Ристовски, 3. Михаил Маневски, 4. Енис Фазлагиќ, 5. Антонио Митрев, 6. Оливер Стоимановски, 7. Бојан Колевски, 8. Јани Атанасов, 9. Никола Богдановски, 10. Ељиф Елмас, 11. Кристијан Трапановски; Селектор: Вујадин Станојковиќ;

12. Благојче Иванов, 13. Филип Антовски, 14. Христијан Делевски, 15. Бобан Миовски, 16. Филип Стојчевски, 17. Марио Станковски;

БУГАРИЈА до 19 години: 1. Димитар Шеитанов, 3. Ертан Томбак, 4. Борислав Вакадинов, 5. Надим Ангелов, 6. Алекс Петков, 7. Тони Иванов, 8. Емил Јанчев, 9. Џошун Михајлов, 10. Владислав Жиков, 11. Атанас Кабов, 13. Иван Тилев; Селектор: Ангел Стојков;

12. Мартин Величков, 2. Иван Калајџиски, 14. Николај Јанков, 15. Марио Топузов, 16. Радослав Јивков, 17. Здравко Жилов, 18. Антон Тунгаров, 19. Валентин Антов, Ѓорги Димитров;



   
   
А репрезентација