Македонија до 19 години: Два порази против Азербејџан на контролните натпревари во Анталија

Објавено на 27 Јануари, 2020 во Вести


Македонската репрезентација до 19 години е поразена од врсниците на Азербејџан и на вториот контролен натпревар во Анталија. Нашата селекција загуби со 2:1 со пресврт во второто полувреме. Во 33. минута, Илиевски го постигна водечкиот погодок за Македонија, а во продолжението Азербејџан ги казни нашите промашувања и со головите во 77. и 90. минута обезбеди победа до 2:1. Бехар Фета во нашата селекција не искористи неколку одлични прилики за втор гол во мрежата на противникот, а од чисти шанси не реализираа и Станковски и Илиевски.  

На првиот натпревар загубивме со 2:0 на пријателскиот натпревар во турска Анталија. 

Противникот не надигра во првото полувреме кога ги постигнаа двата гола во 15. и 22. минута. Нашата селекција доминираше во продолжението, создадовме убави прилики за погодок, но Фетаи и Бехар Фета не успеаа да реализираат. 

За македонската репрезентација која ја предводи Шкумбин Арслани започна во состав: Китановски, Јанкуловски, Јакупи, Николов, Крстевски, Фета, Трајановски, Игњатов, Черкези, Илиевски и Фетаи. Во игра Далипи, Тасески, Адеми, Калкан, Рамани, Омерагиќ, Терзиев и Станковски;




   
   
А репрезентација