Објавено на 23 Февруари, 2018 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 19 години на 27. февруари и 01. март ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Финска до 19 години. Селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ за двата пријателски дуели со Финска ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Христијан Стевковски (Скопје), Благојче Иванов (Силекс);
Одбрана: Агрон Руфати (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио Митрев (Балзан, Малта), Филип Антовски (Вардар), Тодор Тодороски (Вардар), Филип Трајановски (Хакен, Шведска), Оливер Стоименовски (Борец), Кирил Ристовски (Борец);
Среден ред: Филип Стојчевски (Вардар), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Јани Атанасов (Академија Пандев), Михаил Маневски (Брегалница), Миле Тодоров (Нови Град, Хрватска);
Напад: Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Бојан Миовски (Работнички), Бојан Колевски (Вардар);
За двата натпревари кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот Станојковиќ нема да смета на Елиф Елмас, Димитар Митровски и Дарко Чурлинов, тројцата поради клупски обврски нема да бидат дел од составот за натпреварите против Финска.
-Два многу значајни натпревари за нашата репрезентација спроти квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство. Финска е исклучително силна репрезентација и мораме да бидеме на вистинско ниво доколку сакаме позитивен резултат. Јасно е дека ќе ни недостасуваат влијателните Елмас, Чурлинов и Митровски, но се надевам дека со силна желба и борбеност останатите ќе го надополнат нивното отсуство, изјави селекторот Станојковиќ.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....