Македонија до 19 Елитна фаза: За пласман на Европско првенство против Шпанија, Белгија и Бугарија

Објавено на 03 Декември, 2019 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години во Елитната фаза квалификации за пласман на Европското првенство 2020 година во Северна Ирска ќе игра во група со Шпанија, Белгија и Бугарија. Турнирот од Елитната фаза квалификации ќе се одигра во Шпанија од 25. до 31. март следната година. 

Селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ вели дека во оваа фаза квалификации нема лесни противници, натпреварите ќе бидат големо искуство за фудбалерите и мотив за докажување. 

- Шпанија е актуелен Европски првак и апсолутен фаворит, посебно што турнирот ќе го организираат на свој терен. Во оваа фаза, едноставно нема лесни противници, кој и да се паднеше на извлекувањето за нас е вистински предизвик. Ќе се обидеме да се надигруваме, натпреварите се можност фудбалерите да се покажат во вистинско светло и да докажат дека имаат квалитет. Ќе биде вистински предизвик за нас и се надевам дека ќе го дадеме својот максимум, изјави Горан Станиќ. 






   
   
А репрезентација