Македонија до 18: Пораз од Романија на вториот контролен меч

Објавено на 11 Август, 2022 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа пораз на втората контролна пресметка против соодветната селекција на Романија.

Во вториот меч, домаќинот, Романија на тренинг центарот Буфтеа победи со 2:0.

Головите беа постигнати во последните 10 минути од мечот.

Македонија преку Митров ја имаше најсериозната шанса за гол на овој дуел.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.

МАКЕДОНИЈА: Давид Стојановиќ, Давид Даиловски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Теодор Николовски, Абиола Бамијоко, Фикрет Ливорека;

Селектор: Тони Јакимовски;





   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација