Објавено на 15 Мај, 2018 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 18 години убедливо, со 3:0 славеше против врсниците од Бугарија на првиот од двата контролни натпревари кои ги играме во Скопје. Нашиот национален тим до 18 години целосно доминираше во мечот, а стрелци на головите беа Бојан Колевски, Дарко Чурлинов и Марко Ѓорѓиевски.
Колевски го даде првиот гол, а вториот беше ремек дело на Чурлинов откако нанижа 3-4 играчи и пласираше во долниот агол. Третиот гол беше како од бајките. На 40-на метри Ѓорѓиевски ја зема топката, мина 5-6 играчи и отиде во мртов агол, но и таму мина двајца, и од мртов агол ја погоди мрежата на противникот за убедливо водство.
Бугарите имаа само една прилика преку Груев кој ја погоди пречката во првиот дел.
МАКЕДОНИЈА:
Денковски, Алексовски, Антовски, Наумчевски, Рамадани, Гроздановски, Бериша,
Чурлинов, Колевски, Ѓорѓиевски, Наумоски.
Уште играа: Стојаноски, Ферати, Манев, Трпчевски, Тошевски.
БУГАРИЈА: Иванов, Димитров, Т. Димитров, Дичев, Борисов, Личев, Станчев, Груев,
Митков, Јорданов, Добрев.
Во четврток со почеток во 11:00 часот двете селекции ќе го одиграат вториот натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....