Објавено на 30 Мај, 2018 во Вести
Македонската репрезентација до 18 години загуби со 2:1 од Турција на првиот контролен натпревар на гостувањето во Турција.
Нашата селекција предводена од селекторот Добринко Илиевски одигра одличен натпревар против фаворизираната домашна репрезентација, но немавме среќа да се избориме за позитивен резултат. Автогол на Перчевски им донесе водство на Турците, а на 1:1 со ефектен гол израмни Дарко Чурлинов во 21. минута. Во второто полувреме, Турција ја обезбеди победата на првиот дуел.
МАКЕДОНИЈА до 18 години: Велковски, Пановски, Алексовски, Симоновски, Перчевски, Наумчевски, Љума, Чурлинов, Колевски, Фазлагиќ, Наумоски;
Денковски, Ферати, Рамадани, Трпчевски, Елези, Тошевски, Додевски;
Од останатите младински наши селекции, утре од 17:00 часот, Македонија до 16 години го игра вториот контролен дуел против Словенија. На воведниот победивме со 1:0.