Македонија до 18 години со 1:0 славеше против Азербејџан

Објавено на 11 Април, 2017 во Вести


Македонската репрезентација до 18 години ја победи селекцијата на Азербејџан со 1:0 на првиот контролен натпревар на гостински терен во Баку.

Бојан Колевски во 75. минута го постигна голот за победа на нашата репрезентација. Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар, во првото полувреме Трапановски и Фазлагиќ ги имаа најдобрите шанси за погодок, но не реализираа.

Михаил Маневски одлично асистираше во 75. минута, остро нафрли во петерецот на Азербејџан, а Бојан Колевски со глава ја смести топката во голот на противникот.

Контролен натпревар, Баку (Азербејџан)

Азербејџан - Македонија 0:1 (0:0)

Стрелци: 0:1 Бојан Колевски 75`

Македонија: Христијан Стефковски, Тодор Тодоровски, Михаил Маневски (Христијан Делевски 85`), Бане Маневски (Филип Стојчевски 46`), Аргон Руфати, Антонио Митрев, Марко Ферукоски, Бојан Миовски (Марио Станковски 66`), Никола Богдановски, Енис Фазлагиќ, Кристијан Трапановски (Кирил Ристовски 66`); Селектор: Вујадин Станојковиќ




   
   
А репрезентација