Објавено на 18 Февруари, 2025 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 18 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.
Нашите млади фудбалери предводени од селекторот Димитар Капинковски на денешната средба беа поразени со 3:1.
По првиот дел мрежите мируваа, и двете селекции пропуштија по неколку сериозни можности за гол.
На почетокот на второто полувреме, во 47. минута,Дин Рамиќ постигнува погодок за предност на противникот од 1:0. Бенјамин Кадириќ во 59 минута ја зголеми предноста на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Ненад Дамјаноски две минути подоцна успеа да погоди за Македонија и за момент ја врати неизвесноста на денешниот меч.
Сепак противникот со голот на Боговиќ во 83. минута успеа да ја врати предноста и да слави победа со вкупни 3:1.
Втората контролна средба помеѓу овие две селекции е закажана на 20. февруари на истиот стадион со почеток во 11.00 часот.
Контролен натпревар во Скопје;
Репрезентации до 18 години;
Македонија - БиХ 1:3 (0:0)
Македонија: Антониј Трајковски, Албан Рочи, Мартин Џангаровски, Матео Кесиќ, Мухамед Мустафи, Ненад Дамјаноски, Давид Ангелевски, Дитмир Хоџа, Александар Грашески, Стефан Бранковски, Дамјан Буцевски;
Резерви: Александар Трајков, Дарко Јовчев., Лорент Жаку, Стефан Стаматоски, Христијан Јевтоски, Андреј Димовски, Флорент Османи, Назиф Цека, Иво Марковски, Иван Танчев, Малик Дурак, Стефан Секирски;
Селектор: Димитар Капинковски;