Македонија до 18 години поразена од Португалија

Објавено на 28 Март, 2022 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија  беше поразена од домаќинот Португалија во второто коло од силниот меѓународен турнир за фудбалери до 18 години.

Избраниците на селекторот Неџат Шабани одиграа добро прво полувреме против фаворитот, успеаа и да постигнат гол. Португалија поведе со 1:0 во 15. минута преку Мерелеш. Македонија успеа брзо да одговори на водството на противникот. Гуџуфи успеа мајсторски да го погоди во 20. минута за израмнување на 1:1. 

Во продолжението од мечот целосна контрола на играта и доминација на Португалија. Во 76. минута противникот успеа да го скрши нашиот отпор и преку Хусто да поведе со 2:1. На 3:1 зголеми Набијан во 86. минута. Воедно тоа беше и конечниот резултат на денешната средба.

Во првото коло, Македонија одигра нерешено, без голови против Словачка.



   
   
А репрезентација