Македонија до 18 години: Полска се радуваше на минимален триумф

Објавено на 07 Септември, 2018 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години загуби со 0:1 против врсниците од Полска на пријателскиот натпревар кој двете селекции го одиграа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. 

Нашата репрезентација одигра квалитетен натпревар, создадовме неколку шанси, но не успеавме да реализираме. Наивна грешка, по прекин и нафрлена топка не чинеше пораз од силниот противник.

Во 35. минута, Маик Невроцки го даде голот за победа на Полска на првиот контролен натпревар. Шансата на натпреварот за нашата репрезентација ја пропушти Јетон Даути во првото полувреме. Неколку полуприлики не искористивме во продолжението. 

Македонија до 18 години: Матеј Андов, Георге Јанкулов (82 Кристијан Трпчевски), Сухељ Муарем, Јатон Даути (66 Иван Николов), Божидар Митревски, Суад Јонузи, Агон Елези, Давид Тошевски, Арби Воша (71 Методи Максимов), Куштрим Таири (87 Леонид Редев Јанкуловски), Димитар Тодоровски; Селектор: Горан Станиќ; 

- Задоволен сум од играта на нашата репрезентација, штета што не искористивме барем една прилика за погодок. Полска е исклучително силна селекција, на квалификациите лани победија со 3:0. Македонија ќе напредува во секој следен натпревар, имаме добри фудбалери и со максимално залагање и работа само ќе напредуваме како тим. Ќе се потрудиме тоа да го направиме веќе на следниот дуел, изјави селекторот на Македонија, Горан Станиќ. 




   
   
А репрезентација