Македонија до 18 години одигра 1:1 против Словенија на втората контролна пресметка во Птуј

Објавено на 29 Мај, 2025 во Вести, До 19 год


Репрезентација на Македонија до 18 години одигра 1:1 против Словенија на вториот контролен натпревар одигран на гостински терен во Птуј. 

Избраниците на селекторот Ерхан Селими во првото полувреме одиграа многу подобро за разлика од второто полувреме. Адмир Љатифи во 30. минута го постигна голот за Македонија. Во продолжението, пропуштивме неколку сериозни можности за постигнување на погодок, но немавме завршница за погодок во домашната мрежа.  

Првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции заврши со идентичен резултат 1:1.

МАКЕДОНИЈА: Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Давид Стојановски, Ненад Дамјановски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Адмир Љатифи, Онур Бешир, Назиф Цека, Ариф Локи, Игор Ристов; Селектор: Ерхан Селими;



   
   
А репрезентација