Македонија до 18 години ќе учествува на меѓународниот турнир „Словачка куп"

Објавено на 24 Април, 2016 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години од 25. до 29. април 2016 година ќе учествува на меѓународниот фудбалски турнир „Словачка куп“. Нашите млади фудбалери се наоѓаат во групата А и силите ќе ги одмерат со селекциите на Русија, Чешка и Норвешка.

Селекторот на нашиот национален тим до 18 години, Јетон Несими за претстојните натпревари на турнирот во Сараево ги повика следните фудбалери:

Голмани: Филип Трајчевски (Вардар), Ристо Јанкон (Работнички);

Одбрана: Анонио Митрев (Металург), Нехар Садики (Еуромилк), Есмин Личина (Вардар), Тодор Тодороски (Металург), Агон Хани (Младост), Михаил Маневски (Академија Пандев), Виктор Стојковски (Металург);

Среден ред: Албан Сулејмани (Ренова), Елиф Елмаз (Работнички), Давор Здравковски (Македонија), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Шефир Шефити (Шкендија), Дарко Додевски (Вардар);

Напад: Милан Ристовски (Работнички), Виктор Димков (Вардар), Ердон Даци (Вардар), Марио Крстовски (Хоризонт Турново);

25. април 2016 Норвешка - Македонија (15.00)

26. април 2016 Русија - Македонија (11.00)

28. април 2016 Македонија - Чешка (11.00)

На 29. април на програмата се полуфиналните натпревари од меѓународниот турнир „Словачка куп".
















   
   
А репрезентација