Објавено на 07 Март, 2017 во Вести
Македонската репрезентација до 18 години ја победи Црна Гора со 1:0 на првиот од двата контролни натпревари во Скопје. Избраниците на Вујадин Станојковиќ беа подобар противник во текот на натпреварот и заслужено се радуваа благодарение на погодокот на Бојан Колевски во првото полувреме.
Бојан Колевски во 17. минута го постигна водечкиот гол за Македонија по акцијата која ја започна Елмаз, а во шеснаесетникот на Црна Гора нафрли Михаил Маневски. Колевски само пет минути по нашето водство можеше да ја удвои предноста, но не беше прецизен одново по додавање на Маневски.
Во второто полувреме младите гостински фудбалери се обидуваа да создадат шанса за израмнување, но изгледна прилика не направија. Македонија успеа да го зачува водството и да запише победа во контролниот дуел.
Македонија до 18 години: 1. Христијан Стевковски, 2. Тодор Тодороски, 3. Михаил Маневски, 4. Бане Маневски, 5. Антонио Митрев, 6. Кирил Ристовски, 7. Марко Ферукоски, 8. Елиф Елмас, 9. Бојан Колевски, 10. Арбин Зејнулаи, 11. Кристијан Трапановски;
12. Артан Иљази, Мерис Факиќ, Филип Стојчевски, 15. Христијан Делевски, 16. Енис Фазлагиќ, Димитар Митровски;
Црна Гора до 18 години: 1. Миловиќ, 2. Крулановиќ, 4. Терзиќ, 6. Јаблан, 7. Хот, 9. Марушиќ, 10. Зечевиќ, 11. Стијеповиќ, 15. Дринчиќ, 17. Вукотиќ, 19. Бујша;
12. Ѓукиќ, Пренкочевиќ, Кумбуровиќ, 8. Крстовиќ, 13. Цеклиќ, 14. Јовановиќ, 16. Пеличиќ, 18. Бубоња