Македонија до 18: Без победник на контролниот натпревар со Унгарија

Објавено на 09 Август, 2023 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 18 години попладнево ја одигра предвидената контролна пресметка против соодветната селекција на Унгарија.

На стадионот во „Ѓорче Петров", нашите млади фудбалери во еден многу интересен натпревар, полн со возбудувања и отворена игра, одиграа нерешено 1:1 против квалитетна репрезентација.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа добар натпревар, имавме неколку добри прилики кои не успеавме да ги реализираме.

Противникот прв го отвори резултатот на овој меч. Со гол од пенал во 23. минута, Унгарија поведе со 1:0. Македонија напаѓаше во првото полувреме, создаваше шанси, но без реализација. Првата голема можност за гол ја имаше Љубевски. Манојлов исто така се најде во одлична прилика, но немаше среќа да погоди.

Офанзивната и добра игра, селекцијата на Македонија ја продолжи и во второто полувреме. Тоа вроди со плод, капитенот Мелиќи постигна погодок за израмнување на резултатот во 55. минута, по една наша одлично изработена акција.

Во продолжението од средбата, можеме да жалиме што не успеавме да постигнеме уште погодоци. Македонија во второто полувреме не успеа да искористи уште три нови добри можности за постигнување погодок.

Контролен дуел на репрезентации до 18 години;

Македонија - Унгарија  1:1 (0:1);

Македонија: Славе Вргов, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Синани Милот, Анес Мелиќи, Теодор Хаџи Попоски, Тарик Демишоски, Максимилиан Димитријевски, Алтил Алији, Никола Манојлов, Давид Матески;

Резервни фудбалери: Амар Хаџибулиќ, Бојан Ивчески, Алмир Подграѓа, Андреј Силјаноски, Матеј Гаштаров, Алтин Нурединовски, Јован Постолов, Давид Ристовски;

Селектор: Вујадин Станојовиќ;




   
   
А репрезентација