Објавено на 30 Октомври, 2024 во Вести, До 17 год жени
Македонската женска репрезентација до 17 години од 1. до 9. ноември во унгарски Телки ќе одигра три квалификациски натпревари во групата Б3 за пласман во Лига А од квалификациите за пласман на Европско првенство до 17 години.
Селекцијата предводена од Катерина Милевска првиот меч ќе го одигра на 2. ноември против Литванија, на 5. ноември се соочуваме со Андора, а квалификациите ги затвораме против домаќинот Унгарија на 8. ноември.
На списокот на селекторката Катерина Милевска се селедните фудбалерки:
ГОЛМАНИ: Теа САПУНЏИЕВ (Истатов), Евгенија ВЕЉАНОВСКА (Скопје);
ОДБРАНА: Арба МЕРКО (АС Јунајтед), Мила ПЕНЕВА (Скопје), Андреа КОЛОВСКА (Љуботен), Андреа АЛЕКСОВСКА (Скопје), Александра РИСТЕВСКА (Топ Гол), Канита ЕМИНИ (Истатов), Ема НАНОВСКА (Истатов);
СРЕДЕН РЕД: Лина ЛУКАНОВА (АС Јунајтед), Јована КАРАЛИОСКА (Топ Гол), Теона ГАЛАБОВСКА (Тиверија), Елена МАЦЕВСКА (АС Јунајтед), Блехана АЛИЕВСКА (Топ Гол), Ана Марија ЦВЕТКОСКА (Лангус);
НАПАД: Калина ПОПОЕСКИ (Милутинац), Ева ВЕЛИЧКОВСКА (Љуботен), Меланија ГРОЗДАНОВА (Истатов), Настасја НАКОВА (Љуботен), Розита ПЕЦЕВА (Тиверија);
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....