Македонија до 17 (жени) ја победи Словенија и го освои првото место на квалификацискиот турнир во Скопје

Објавено на 12 Март, 2025 во Вести, До 17 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за ЕП. кој се одржува во Скопје.

Нашата репрезентација ја победија Словенија со минимален резултат 1:0 во битката за првото место во групата.

Женската репрезентација до 17 години, го освои првото место во групата 6 (Б лига) и обезбеди промоција во А лигата.

На тренинг центарот „Петар Милошевски" Македонија и Словенија одиграа тврд натпревар, со голема борба и пожртвуваност. Стрелец на единствениот погодок на денешната средба беше Настасја Накова во 8. минута.

Квалификациски турнир во Скопје;

Лига Б, Група 6;

Македонија - Словенија   1:0 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Настасја Накова, Блехана Алиеска, Канита Емини, Мила Панева, Ева Величкова, Теона Галабовска, Меланија Грозданова, Ана Марија Цветкоска, Калина Попески, Елена Наумоска;

Селектор: Катерина Милеска;





   
   
А репрезентација