Македонија до 17 убедливо поразена од Русија на вториот контролен натпревар

Објавено на 29 Март, 2021 во Вести

Репрезентацијата на Македонија до 17 години (генерација 2004 ) беше убедливо поразена од Русија во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие селекции.

На теренот во комплексот „Папилон Хотелс Белви", избраниците на селекторот Драган Канатларовски загубија со 4:1. Македонија добро го отвори натпреварот, неколку добри прилики не успеаа да искористат Гуџуфи, Софијановски и Чилафи. Казната стигна пред крајот на првиот дел кога Русија поведе со 1:0.

Во продолжението Македонија нападна, доминираше и имаше иницијатива. Тоа резултираше со погодок на нашите фудбалери во 60 минута. Стрелец на голот беше Георг Стојановски. Голем пад на играта имавме во последните 15 минути. Русија тоа го искористи на најдобар можен начин и успеа да постигне 3 гола до крајот на средбата за конечни 4:1.

„ Задоволен сум од моите фудбалери на прикажаното до 70 минута од мечот. Следеше недозволив пад на концентрација, физички замор кај нас што резултираше со три голи за само 15 минути во нашата мрежа. Овој резултат не е реална слика за случувањата на теренот. Жалиме за големиот број на пропуштени шанси. Останува да работиме заедно и да напредуваме од натпревар во натпревар", вели Драган Канатларовски.

МАКЕДОНИЈА: 12. Васко Василев, 2. Никола Павлевски, 14. Игор Јаневски, 13. Борјан Поповски, 6. Матеј Ангелов, 15. Максим Милошевски, 11. Матео Софијановски, 21. Марко Софијановски, 10. Бесарт Гуџуфи, 8. Ардијан Чилафи, 20. Михаил Талевски;



   
   
А репрезентација