Македонија до 17: Пораз од Романија со 3:0

Објавено на 25 Март, 2025 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија дo 17 години беше поразена со 3:0 од селекцијата на Романија во натпревар од 3. коло на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А лигата квалификации за Европско првенство.

Во 26. минута Раду го отвори резултатот.  Нинаци во 45. минута ја зголемува предноста на Романија.

Којочариу во 54. минута доби црвен картон, Романија останува со играч помалку, но и тоа не го спречи противникот да постигне уште еден погодок во нашата мрежа. Раду со својот втор гол на денешната средба ги постигна конечни 3:0.

Македонија: Александар Трајков, Кристијан Маркоски, Андреј Димовски, Мухамед Мустафи, Мартин Џангаровски, Стефан Бранковски, Давид Ангелевски, Ненад Дамјановски, Албан Рочи, Лорент Џаку, Дитмир Хоџа;

Селектор: Димитар Капинковски;

Во вториот натпревар од нашата група. Шкотска ја оправда фаворитската улога и славеше со убедливи 8:0 против Лихтенштајн.

Во групата 1 од Лига Б, репрезентација на Шкотска го освои првото место со седум бодови. Романија заврши втора со шест, а Македонија со четири бодови се најде на третата позиција. Без освоен бод, Лихтенштајн заврши на последната четврта позиција. 



   
   
А репрезентација