Македонија до 17 одигра нерешено 2:2 со домаќинот Шкотска

Објавено на 19 Март, 2025 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 17 години во еден возбудлив и отворен натпревар одигра нерешено 2:2 против соодветната селекција на Шкотска во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во А лигата квалификации за Е.П.

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски одиграа добар натпревар против домаќинот на турниро, особено во првото полувреме, во кое сосема заслужено имавме предност со 1:0. Стрелец на водечкиот гол за Македонија на денешната средба беше Кристијан Марковски во 40. минута.

Во продолжението, противникот наметна иницијатива и успеа да направи комплетен пресврт.  Бојд на самиот старт на второто полувреме, во 52. минута стрелаше за израмнување на резултатот. Во 80. минута, Хогарт успеа да погоди за комплетен пресврт и водство на Шкотска од 2:1. Нашите млади фудбалери успеаа брзо да се вратат во игра и да го израмнат резултатот. Лорент Жаку во 83. минута направи одличен пресинг кон противничката одбрана и успеа да ја искористи грешката на голманот на Шкотска, постигнувајќи погодок за 2:2.

Во вториот натпревар од нашата група, селекцијата на Романија го порази Лихтенштајн со неверојатни 10:0.

Репрезентацијата на Македонија до 17 години, во второто коло од квалификацискиот турнир од Б лигата игра против Лихтенштајн.

Македонија: Александар Трајков, Кристијан Маркоски, Андреј Димовски, Мухамед Мустафи, Мартин Џангаровски, Флорент Османи, Давид Ангелевски, Лорент Жаку, Ненад Дамјановски, Стефан Бранковски, Дитмир Хоџа;

Селектор: Димитар Капинковски;



   
   
А репрезентација