Македонија до 17 минимално поразена од Романија на првата контролна средба одиграна во Скопје

Објавено на 25 Март, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години забележа пораз од соодветната селекција на Романија во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

На тренинг центарот „Петар Милошевски" избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ и покрај добрата игра нема среќа и загубија минимално со 3:2. Максимилијан Димитриевски ги постигна двата погодоци за нашата репрезентација. Одигравме отворен натпревар, содзававме можности за гол, но немавме среќа и на крајот загубивме. Противникот ги искористи своите можности и успеа да оствари победа.

Македонија: Славе Вргов, Анес Мелиќи, Андреј Велков, Адриан Незир, Андерј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;

Втората контролна пресметка овие две селекции ќе ја одиграат на 27. март.




   
   
Актуелности

12.02.2025    Вести

Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

Календар
А репрезентација