Објавено на 22 Март, 2025 во Вести, До 17 год
Репрезентацијата на Македонија до 17 години забележа минимален триумф на селекцијата на Лихтенштајн во натпревар од 2. коло на квалификацискиот турнир (Лига Б) за пласман во А лигата квалификации за Е.П.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски денеска остварија многу значајна победа во борбата за висок пласман во групата 1. Сосема заслужено се радувавме на трите бода, со оглед на прикажаната игра во текот на целиот натпревар. Хоџа беше стрелец во 30. минута на единствениот погодок на денешната средба.
Нашите млади фудбалери во досегашните две кола имаат освоено четири бода.
Во вториот меч од нашата група, вечерва со почеток во 20:30 часот се среќаваат домаќинот Шкотска и Романија.
Во последното трето коло, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Романија.
Македонија: Антониј Трајковски, Кристијан Марковски, Андреј Димовски, Матео Кесиќ, Стефан Секирски, Иво Марковски, Иван Танчев, Ненад Дамјановски, Стефан Бранковски, Дамјан Буцевски, Дитмир Хоџа.