Македонија до 17 ќе одигра два контролни меча против Кипар во Струмица

Објавено на 18 Август, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години на 22 и 24 август ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар. 

Контролните мечеви ќе бидат одиграни во Струмица со почеток во 17. часот. Дополнително ќе биде утврден теренот на кој ќе се одиграат двата натпревари.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Дашмир Беари, за претстојните предизвици, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Давид Илоски (Академија Пандев), Онур Бесир (Шкендија);

Одбрана: Златко Радевски (Вардар), Игор Ристов (Брера А..П.), Никола Ангелов (Брера А.П.), Артан Исмаили (Шкендија), Лука Атанасовски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Емир Шаботиќ (Вардар);

Среден ред: Марко Киш (Њу Старс), Здравко Перески (Брера А.П.), Каменчо Андоновски (Работнички), Албион Муслиу (Шкендија), Алмир Јакупи (Арау, Швајцарија), Ариф Локи (Хвидовре, Данска);

Напад: Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П.), Флорим Далипи (Фац Виена, Австрија), Хисар Али (Шкендија), Беркај Шаини (Работнички), Лука Макаловски (Македонија Ѓ.П.), Един Атоски (Јанг Бојс, Швајцарија);

Собирот на младата репрезентација на Македонија предводена од Дашмир Беари е на 20 август, во 9 часот.




   
   
А репрезентација