Објавено на 13 Декември, 2016 во Вести
Македонската репрезентација до 17 години на извлекување во Нион ги доби противниците за пласман во Елитната фаза од квалификациите за Европското првенство. Македонија од 2. до 8. октомври 2017 година ќе биде домаќин на квалификациската група во која за првите две места ќе се борат нашата репрезентација, Босна и Херцеговина, Словачка и Молдавија.
Репрезентацијата на Македонија до 19 години во квалификациската рунда за Европскто првенство ќе игра во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Натпреварите ќе се одиграат во периодот од 8. до 14. ноември 2017 година.