Македонија до 17 години со убедлив триумф го заврши турнирот за Елитна фаза квалификации

Објавено на 26 Октомври, 2018 во Вести


Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години со убедлив триумф од 4:0 над селекцијата на Фарските Острови го заврши циклусот претквалификации за ЕП кој го организиравме во Скопје. На последниот меч, нашите надежи беа подобри од последнопласираниот тим во групата. 

Победата ја најави Омерагиќ со својот прв гол уште во 10. минута, а истиот фудбалер со својот втор погодок во 36. минута обезбеди водство на нашата селекција од 2:0. Победата ја потврдивме во второто полувреме откако Николов во 79. минута зголеми и на 3:0, а конечниот резултат го постави Фета во судиското надополнување. Македонија претквалификациите ги завршува на третото место зад Шпанија и Израел. Денеска во вториот меч од 3. коло во нашата група, Шпанија го совлада Израел со 3:0. 

Македонија, теоретски, се уште е во игра за едно до трите места на најдобро третопласирани репрезентации.



   
   
А репрезентација