Објавено на 31 Октомври, 2016 во До 17 год
Репрезентацијата
на Македонија до 17 години ја победи Албанија со резултат 2:1 и со освоеното
трето место во групата иако не успеа да обезбеди директен пласман во елитната
група на квалификациите со освојување на едно од првите два места, сепак ги
задржа шансите за пласман понатаму како една од петте најдобри третопласирани
селекции.
Натпреварот не навестуваше победа на Македонија до 17 години, откако Албанија поведе преку Булари во 52. минута. Но, нашите надежи се вратија кога најпрвин Колевски изедначи на 1:1 во 54. минута, а резултатскиот пресврт го направи Страторски со гол во 64. минута.
Овие три бода не сместија на третата позиција во групата зад Италија со 7 бода, Србија со 6, а Албанија е последна без бодови.
Македонија уште има шанси за пласман во елитната фаза на Европското првенство, затоа што според правилникот покрај најдобрите две селекции во групата, петте најдобри третопласирани селекции патуваат во елитната рунда, а жолто-црвените според бодовите се петти и им се смета еден бод од дуелот со лидерот Италија (0-0).
Но, за да обезбедиме пласман ќе треба коцките да ни се поклопат и во групата 12 која уште не е започната и ќе тргне утре (1. ноември), да нема подобра третопласирана селекција од нас. Во групата 12 се натпреваруваат Полска, Исланд, Израел и Ерменија.
НАЈДОБРИ ТРЕТОПЛАСИРАНИ СЕЛЕКЦИИ
1. Чешка 1 бод (3-3 гол-разлика)
2. Црна Гора 1 бод (2-2 гол-разлика)
3. Белгија 1 бод (0-1 гол-разлика)
4. Украина 1 бод (2-3 гол-разлика)
5. Македонија 1 бод (1-3 гол-разлика)
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....