Објавено на 20 Февруари, 2025 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 17 години славеше минимална победа со 1:0 против соодветната селекција на Бих во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски".
Избраниците на селекторот Капинковски одиграа многу подобар и поквалитетен натпревар во однос на прва меѓусебна средба и успеаа да издвојуваат минимална победа буквално во последните минута од средбата.Стрелец на победничкиот погодок на Македонија беше Хоџа во 90. минута.
На првата контролна средба, селекцијата на Босна и Херцеговина славеше победа со 3:1.
Македонија: Александар Трајков, Мухамед Мустафи, Лорент Жаку, Давид Ангелевски, Димитар Хоџа, Стефан Стаматоски, Флорент Османи, Иван Танчев, Малик Дурак, Стефан Секирски;
Резерви: Антониј Трајковски, Дарко Јовчев, Албан Рочи, Мартин Џангаровски, Матео Кесиќ, Ненад Дамјаноски, Александар Грашески, Стефан Бранковски, Христијан Јевтоски, Дамјан Буцевски, Назиф Цека, Иво Марковски;
Селектор: Димитар Капинковски;