Македонија до 17 години поразена од Србија

Објавено на 16 Септември, 2021 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија загуби со 5:0 од селекцијата на Србија во рамки на последниот натпревар од турнирот што се ораганизираше во Скопје за фудбалери до 17 години.

Високиот пораз е нереален и не ја отсликува вистинската слика за играта на двата тима. 

Промашивме пенал, досуден пенал за противникот од сомнителна ситуација при 0:0, погодивме пречка и статива, а не реализиравме уште неколку добри шанси.

Србија поведе со 1:0 во 24. минута преку Мирко Николашевиќ. Нашиот голман Стојановиќ го одбрани досудениот пенал, но одбиената топка Николашевиќ ја смести во мрежата. Истиот фудбалер стрелаше прецизно и во 60. минута за зголемување на предноста на 2:0.

Најдобрата шанса ја имавме кога Богдановски ја погоди пречката по центаршут на Јаневски, а во 68. минута статива на Ѓоргиевски по удар од 20-на метри. Во 70. минута, Ѓорѓиевски не успеа да реализира пенал.

Две минути подоцна Матеа Бубањ зголеми на 3:0. Во 84. минута пенал за Србија, Александар Станковиќ беше сигурен од белата точка и зголеми на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Стефан Џоџиќ во последната минута од средбата.

Македонија до 17 години: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓорѓиевски (к), Адриан Зенделовски, Никола Манојлов, Кире Стојанов, Мухамед Елмас , Зани Назифи;

Резервни фудбалери: Самоил Талевски, Бехар Серани, Симеон Здравковски, Анес Мелиќи, Хадис Таири, Давид Саботковски, Амир Нухија, Азис Јамини, Александар Богдановски, Енес Фидани; Селектор: Тони Јакимовски;

MKD - SRB 16.09.21 0-5.pdf 

Македонија на првиот натпревар од подготвителниот турнир триумфираше со 2-1 против Кипар.



   
   
А репрезентација