Објавено на 11 Октомври, 2021 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 17 години загуби од домаќинот Република Ирска во натпревар од второто коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза.
Нашите фудбалери одиграа добар натпревар, но немаа сили да им се спротистават на физички посилните ирци.
Стрелци на погодоците за Република Ирска беа Вата во 31. минута и Мехону во 73. минута.
Во првиот дел добар обид имаше Елмас, но неговиот удар од далечина заврши над противничкиот гол. Пред самиот крај на првите 45 минути добра можност пропушти Стојанов.
Во продолжението, Елмас повторно се закани, овој пат со глава, но немаше среќа. Најдобрата прилики за Македонија на овој меч ја имаше Стојанов кој успеа да се ослободи од тројца противнички играчи, си создаде простор, биеше, но голманот на Ирска одлично интервенираше.
Последниот натпревар од турнирот го играме против Андора, на 13. октомври со почеток во 14. часот по македонско време.
Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓорѓиевски (к), Адриан Зенделовски, Кире Стојанов, Мухамед Елмас, Зани Назифи, Леин Таири (Умерфарук Сулејман);
Селектор: Тони Јакимовски;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....