Објавено на 22 Март, 2019 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 17 години со победа од 2:0 против Саудиска Арабија го отвори развојниот УЕФА турнир кој го организираме во Скопје, а на кој учестуваат и селекциите на Азербејџан и Грузија. Грузијците славеа со 2:0 во пресметката со Азербејџан.
Нашата селекција предводена од Горан Станковски одигра добар натпревар против Саудиска Арабија, победникот беше решен во второто полувреме со головите на Емир Саитовски во 62. минута и Бехар Фета во 74. минута. Нашата репрезентација имаше уште две добри прилики преку Саитовски и удар со глава на Георг Стојановски, но тие шанси не ги претворивме во погодок.
Македонија до 17 години: Стефан Митрев, Абдулах Хасани, Борче Гогов, Гордијан Христовски, Стојан Георгиев, Дарко Стојановски, Октај Ракипи, Бехар Фета, Мартин Талаков, Рамиз Беровиќ, Дашмир Елези; Душан Герасимовски, Љавдрим Ибрахими, Филип Ѓоргоски, Грегори Давков, Салих Муслиоски, Христијан Георгиевски, Емир Саитовски, Васко Глигоров, Георг Стојановски;
Македонија до 17 години вториот меч го игра в недела против Грузија во 15:30 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....