Објавено на 13 Септември, 2022 во До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија.
Контролната средба беше одиграна на стадионот на ФК Караорман во Струга. Македонија и Албанија одиграа нерешено 3:3.
Видовме натпревар со отворена игра, напаѓачки фудбал и шест погодоци. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за пропуштената победа. Нашите млади фудбалери водеа со 3:1 до пред самиот крај на средбата. Противникот успеа да се спаси од пораз, постигна два гола во самиот финиш по наши грешки и пад на концентрација.
Головите за Македонија ги постигна Мухамед Елмас, Андреј Велков и Алтин Али.
Вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат во среда во 16. часот, во Елбасан, Албанија.
Македонија: Славе Вргов, Фљакрон Мемиши, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Никола Стојковски, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Мартин Јовановиќ, Алтин Алији, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....