Објавено на 20 Октомври, 2020 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 17 години одигра нерешено, 0-0 против соодветната селекција на Србија на првиот пријателски натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Во натпревар без многу возбудувања, најдобрата прилика македонската селекција предоводена од Драган Канатларовски ја имаше во првото полувреме преку Ерион Шуку. Нашиот голман Стефан Тасев одбрани голема прилика за водечки гол на Србија во првите 45. минути.
Во второто полувреме, со многу замени во двата тима за одбележување се двете шанси за гостинските фудбалери, но среќата беше на страна на нашите млади фудбалери.
Вториот контролен меч меѓу селекциите на Македонија и Србија ќе го одиграат в четврток од 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Македонија до 17 година: 1. Стефан Тасев, 2. Никола Павлески, 4. Бленд Зекири, 6. Матеј Ангелов, 7. Дашмир Елези, 10. Бесар Гуџуфи, 13. Христијан Поп Антовски (Марко Ристов 60`), 14. Мирче Стоилов (Марко Тренески 63), 15. Борјан Попоски (Енис Буки 60`), 16. Игор Јаневски, 19. Ерион Шуку; Селектор: Драган Канатларовски
Замени: Васко Василев, Марко Ристов, Енис Буки, Матеј Ѓоргуев, Левент Ибраим, Матеј Ѓурчиновски, Марко Тренески;
Србија до 17 години: 12. Лазар Каличанин, 2. Дишан Ѓоровиќ, 3. Бранислав Миланов, 4. Стефан Лековиќ, 6. Урош Пауновиќ, 9. Давор Ракиќ, 10. Павле Огњановиќ, 15. Вања Апостоловски, 17. Андреј Стефановиќ, 20. Никола Маринковиќ; Селектор: Саша Илиќ
Замени: Премовиќ, Жакниќ, Васиќ, Ивановиќ, Гордиќ, Вукиќ, Маљукан, Лабан, Миладиновиќ;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....