Објавено на 29 Август, 2016 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 17 години во шведски Остерсунд ќе одигра два пријателски натпревари против домашната селекција до 17 години. Контролните дуели против Шведска ќе се играат на 30. август и 01. септември. Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Добринко Илиевски за двете пресметки против силниот противник ги повика следните фудбалери:
Голмани: Мите Секулов (Капри, Италија), Малик Зибери (Вардар);
Одбрана: Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Вардар), Анѓел Страторски (Горица, Словенија), Никола Спасов (Академија Пандев), Виктор Ризанковски (Пелистер), Стефан Симоновски ( Работнички);
Среден Ред: Филип Стојаноски (Вардар), Марио Наумоски (Победа), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Лука Трајкоски (Победа), Стефан Колески (Работнички), Стефан Наумчевски (Металург);
Напад: Саит Битиќи (Вардар), Дарко Чурлинов (Магдебург), Амел Рустемовски (Грасхоперс, Швајцарија), Бојан Колески (Металург), Емир Скендери (Академија Пандев);
-Влегуваме во последната фаза од подготовките за важните квалификациски натпревари од турнирот во Италија во октомври. Шведска е силна репрезентација и за нас ќе биде вистински предизвик. Одиме да се надигруваме и ќе се стремиме кон позитивен резултат. Оваа репрезентација и минатата година покажа дека може да се носи со квалитетни противници и не гледам причина да не биде така и на дуелите во Остерсунд, изјави селекторот на репрезентацијата Добринко Илиевски.
Македонија до 17 години во октомври игра на квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза на УЕФА. Противници на нашата надежна селекција се репрезентациите на Италија, Србија и Албанија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....