Македонија до 17 години: Два контролни меча против Малта

Објавено на 14 Февруари, 2022 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 17 години на 15 и 17 февруари во Скопје ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Малта. Натпреварите ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски".

Првиот натпревар помеѓу овие две селекции кој е на програмата на 15. февруари ќе биде одигран во 13. часот, а вториот дуел ќе се игра во 11. часот.

Селекторот на Македонија до 17 години, Тони Јакимовски за овие натпревари се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Диел Доко (Њу Старс);

Одбрана: Симеон Здравковски (Вардар), Андреј Аризанкоски (Победа), Марко Стојилевски (Вардар), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Матеј Јаневски (Работнички), Хадис Таири (Велешта);

Среден ред: Амир Нухија (Шкендија), Адријан Зенделовски (Малме, Шведска), Ѓорѓе Џеков (Академија Пандев), Мухамед Елмас (Работнички), Мартин Ѓорѓиевски (Академија Пандев), Сулејман Умерфарук (Шкупи), Дестан Адили (Работнички), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички);

Напад: Александар Богдановски (Работнички), Зани Назифи (Шкендија), Никола Величковски (Вардар)

Тони Јакимовски, селектор на младата репрезентација на Македонија до 17 години.

- После одиграните квалификации, ова е добар тајминг за двата контролни натпревари против Малта. Имаме време и простор за да ја подобриме нашата игра. На овие натпревари се повикани четворица нови фудбалери кои поседуваат квалитет и ќе им дадеме можност тоа да го покажат и на терен. Нема опуштање, иако се работи за контролни мечеви, ќе пристапиме максимално ангажирано и одлучно за предизвикот што ни следи. Оваа група на фудбалери има потенцијал и квалитет. Сигурен сум дека во иднина со максимална посветеност и желба ќе можеме само да ја подобруваме нашата игра, а со тоа и да оствариме позитивни резултати.




   
   
А репрезентација