Објавено на 28 Октомври, 2016 во До 17 год
Младите
фудбалери на Македонија до 17 години предводени од селекторот Дорбинко Илиевски
одиграа одличен натпревар против Италија во Форли, ремизирајќи без голови во
натпревар од второто коло од квалификациската група 4 на турнирот за пласман во
Европското Првенство кое ќе се игра во Хрватска. Во израмнето прво полувреме Македонија имаше
две добри можности за гол преку Фазлагиќ и Чурлинов но без успех, а нашиот
голман Велковски во два наврати интервенираше успешно спасувајќи го својот гол.
Во вториот дел Македонија се обиде преку Чурлинов кој не успеа да го совлада
италијанскиот голман, а до крајот голманот Велковски со неколку добри
интервенции не дозволи да биде совладан, и придонесе за освојување на 1 бод
протви Италија после овие 0:0.
По овој резултат репрезентацијата на Македонија до 17 години останува во игра за освојување на втората позиција на табелата, со оглед на тоа што во последното коло в недела од 15 часот играме со Албанија. Првите две селекции од квалификациската група обезбедуваат место за елитните квалификации кои се играат во мај следната година.
Во вториот денешен натпревар во групата, Србија славеше против Албанија со 2:0. Претходно во првото коло, Македонија загуби од Србија со 3:1, а Италија славеше против Албанија со 1:0.
РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО
Италија – МАКЕДОНИЈА 0-0
Србија – Албанија 2-0
ТАБЕЛА: Србија 6 бода, Италија 4, МАКЕДОНИЈА 1, Албанија без бодови.
ПОСЛЕДНО КОЛО (недела, 30. октомври – 15 часот)
МАКЕДОНИЈА – Албанија
Италија – Србија
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....