Македонија до 17: Два контролни меча против Австрија

Објавено на 25 Мај, 2022 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни меча на гостински терен против селекцијата на Австрија.

Првиот контролен натпревар е закажан на 25. мај со почеток од 18. часот. Два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка со почеток од 11. часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 17 години, Тони Јакимовски, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Петар Јакимов (Работнички), Диел Доко (Њу Старс), Андреј Аризанкоски (Победа), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Даниел Марковски (Вардар), Давид Даилоски (Нец Нијемиген, Холандија), Абиола Бамијоко (ППЈ, Финска), Хадис Таири (Велешта), Касим Јакупи (Вил, Швајцарија), Давор Серафимов (Вардар), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓорѓиевски (Академија Пандев), Ѓорги Дошев (Вардар), Дестан Адили (Работнички), Зани Назифи (Шкендија), Лорик Мухтари (Хамбург, Германија), Кире Стојанов (Академија Пандев), Теодор Николовски (Работнички), Никола Стојков (Работнички), Никола Величковски (Вардар), Фикрет Ливарека (Скопје);



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација