Објавено на 11 Март, 2025 во Вести, До 17 год
Репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 17. март до 26. март ќе учествува на квалификациски турнир во Шкотска за пласман на Европско првенство.
Нашата репрезентација е во група со селекциите на Шкотска, Романија и Лихтенштајн. Турнирот го отвораме на 19. март во натпревар против Шкотска во 16:30 часот.
Во второто коло, во истиот термин ќе играме против Лихтенштајн, а кругот го затвораме против селекцијата на Романија.
Сите натпревари ќе бидат одиграни на стадионот Broadwood, Cumbernauld.
Селекторот на Македонија до 17 години, Димитар Капинковски за квалификациските натпревари ги повика следниве фудбалери:
Голмани:
Антониј Трајковски - Работнички
Александар Трајков - А.П. Брера
Дарко Јовчев - Македонија Ѓ.П.
Одбрана:
Албан Рочи - А.П. Брера
Андреј Димовски - А.П. Брера,
Стефан Стаматоски - Вардар
Мартин Џангаровски - Македонија Ѓ.П.
Стефан Секирски - Беласица
Мухамед Мустафи - Ст. Гален (Швајцарија)
Матео Кесиќ - Бродарац (Србија)
Кристијан Маркоски - Келн (Германија)
Среден ред:
Иван Танчев - А.П. Брера
Давид Ангелевски - Пелистер
Лорент Жаку - Воска Спорт
Ненад Дамјановски - Домжале (Словенија)
Христијан Јевтовски - Вардар
Напад:
Иво Марковски - Вардар
Дитмир Хоџа - Воска Спорт
Флорент Османи - Шкендија
Стефан Бранковски - Марибор (Словенија)
Дамјан Буцевски - ИМТ (Србија)
Поради повреда, на овие квалификации на селекторот нема да му бидат на располагање Александар Грашевски, Бленди Ганиу и Ристе Стоилов.
Македонија до 21 година ќе се соочи со Белорусија и Азербејџан во турска Анталија....