Објавено на 11 Април, 2025 во Вести, До 17 год
Репрезентацијата на Македонија до 16 години забележа пораз со минимални 2:1 против соодветната селекција на Унгарија во рамките на меѓународниот контролен турнир Милан Миланиќ што се одржува во Стара Пазова.
Противникот рано во 4. минута поведе со 1:0. Коста Бошковски во 28. минута постигнува погодок и го израмнува резултатот. Меѓутоа противникот во 43. минута повторно доаѓа во предност.
Во продолжението од средбата, Македонија се обидуваше, имаше неколку изгледни прилики, но не успеа да се врати во игра.
Во првиот натпревар од турнирот, Македонија до 16 загуби од домаќинот Србија со 2:0.
MАКЕДОНИЈА: Даријан Денковски, Стефан Темелков, Матеја Масев, Давод Јорданов, Мартин Џангаровски, Дејан Спасевски, Филип Цветковски, Сонер Ракипи, Лука Георгиевски, Коста Бошковски, Фадил Исламовиќ;
Селектор: Драган Начевски;
„Голема одговорност, но и огромна привилегија“...