Македонија до 16 одигра нерешено против силната Турција на вториот контролен меч

Објавено на 01 Септември, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години го одигра и вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Турција во Скопје.

Контролниот меч заврши без победник 1:1. Избраниците на селекторот Раде Каранфилоски одиграа уште еден квалитетен натпревар, имаа предност до самиот крај на средбата, но силниот противник успеа да се спаси од пораз и во последните минути од мечот успеа да обезбеди нерешен резултат.

Македонија поведе во 70. минута од мечот, стрелец на погодокот беше Стефан Бранковски во 70. минута. Во 90. минута Назли успеа да го израмни резултатот и да ги постави конечните 1:1.

На првиот контролен меч одигран помеѓу овие две селекциии, Турција славеше минимална победа со 2:1.

Македонија: Енвер Фејзуловски, Мартин Џангаровски, Алекс Запончек, Матео Кесиќ, Давид Ангелески, Стефан Бранковски, Александар Грашевски, Флорент Османи, Александар Трајков, Андреј Петрески, Ненад Дамјаноски;

Селектор: Раде Каранфилоски;













   
   
А репрезентација