Македонија до 16 одигра 1:1 со екипата на Црвена Звезда

Објавено на 24 Февруари, 2022 во До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години го одигра котролниот дуел против екипата на Црвена Звезда во рамки на кампот што се организираше во Кичево.

На стадионот „Билјанини Извори", во Охрид, натпреварот заврши нерешено, без победник 1:1. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за пропуштените можности, особено во последните минути од средбата.

Погодоците беа постигнати во второто полувреме. Македонија прва поведе со 1:0. Стрелец на водечкиот погодок беше Ислами во 55. минути. Противникот во 75. минута успеа да го изедначи резултатот.

Нашата млада селекција продолжува со тренинг кампот и подготовките во Кичево по одиграниот контролен меч со Црвена Звезда.

Контролен дуел на градски стадион „Билјанини извори", Охрид;

Македонија - Црвена Звезда 1:1 (0:0)

Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи (к), Никола Стојковски, Генц Кќику,  Мартин Јовановиќ, Нуман Ајетовиќ, Валдет Јакупи, Даниел Коцев, Димитар Папазов, Веби Ислами;

Резерви: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Валдрин Вилца, Мемет Шабани, Дарио Јакимовски, Александар Спасовски, Алтин Алији, Давор Левковски;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;



   
   
А репрезентација