Македонија до 16 минимално поразена од Турција на првата контролна средба

Објавено на 28 Август, 2023 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 16 години, попладнево го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Турција.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраниците на селекторот Раде Каранфилоски во еден интересен и возбудлив натпревар загубија со минимални 2:1 од силната селекција на Турција.

Нашите млади фудбалери одиграа доста квалитетно и одлично му парираа на силниот противник. На крајот, Турција успеа да слави минимална победа.

Противникот одлично го отвори натпреварот. Рано во 7. минута Ертем Огузџан успеа да погоди за предност од 1:0.  Ахмет Хакан во 49. минута ја зголеми предноста на 2:0.

Покодокот за Македонија беше дело на Бленди Ганиу во 74. минута од средбата.

Македонија: Антониј Трајковски, Енвер Фејзуловски, Мартин Џангаровски, Алекс Запончек, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Давид АНгелески, Стефан Бранковски, Александар Грашевски, Флорент Османи, Ненад Дамјановски;

Резерви: Иво Марковски, Александар Трајков, Стефан Стаматоски, Лорен Заку, Бленди Ганиу, Андреј Петрески, Матео Каранфилоски, Лука Варошаноски, Душан Бојовиќ Заев, Флори Иљази, Цела Назифи;

Селектор: Раде Каранфилоски;

Вториот контролен меч овие две репрезентации ќе го одиграат во четврот, на 31 август.




   
   
А репрезентација