Македонија до 16 минимално поразена од Црна Гора

Објавено на 13 Април, 2022 во Вести, До 17 год


Младата селекција на Македонија до 16 години беше минимално поразена на контролниот дуел одигран во Стара Пазова, Србија.

Селекцијата на Црна Гора забележа победа со резултат 2:1. Противникот рано уште во 2. минута успеа да постигне погодок за преност од 1:0. Пред крајот на првиот дел, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ успеаа да го израмнат резултатот. Стрелец на погодокот за Македонија беше Никола Стојковски во 44. минута од средбата.

Во продолжението од средбата и двете селекции пропуштија по неколку добри прилики. Црна Гора со гол во 85. минута успеа да слави победа со 2:1.

Македонија: Славе Вргов (г), Генц Кљику, Андреј Велков, Кристијан Георгиевски, Анес Мелиќи, Оливер Савевски, Даниел Коцев, Миксимилијан Димитриевски, Алтин Алили, Никола Манојлов, Фљакрон Мемиши;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација