Објавено на 08 Мај, 2023 во Вести, До 17 год
Младата репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 8 до 11 мај, во Стара Пазова ќе биде еден од учесниците на меѓународниот контролен турнир „Миљан Миљаниќ".
Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Србија (домаќин), Црна Гора и Бугарија.
Во првото полуфинале, избраниците на селекторот Дашмир Беари ќе играат против Србија. Во втората полуфинална пресметка, силите ќе ги одмерат селекциите на Бугарија и Црна Гора.
Натпреварот против нашиот северен сосед ќе биде одигран на 9. мај, со почеток од 17.часот.
Селекторот на репрезентација на Македонија до 16 години, Дашмир Беари, за претстојниот меѓународен турнир ги повика следните фудбалери:
-Онур Бешир (Шкендија), Игор Ристов (Академија Пандев), Горазд Ристовски (Црвена Ѕвезда), Лука Атанасовски (Вардар), Емир Саботиќ (Вардар), Здравко Перески (Академија Пандев), Хисар Али (Шкендија), Фуркан Хирда (Шкупи), Стефан Младеновски (Ѕрвена Звезда), Каменчо Андоновски (Работнички), Беркај Шаини (Работнички), Павел Трајковски (Македонија Ѓ.П.), Никола Ангелов (Академија Пандев), Златко Радевски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Елдин Рамани (Работнички), Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П., Давид Ивановски (Сент Гален, Швајцарија), Тома Георгиевски (Њу Старс), Петар Митревски (Саса Каменица);
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....