Македонија до 16 години убедливо поразена од Црна Гора

Објавено на 18 Март, 2022 во Вести, До 17 год


Репрезентацијата на Македонија до 17 години загуби од соодветната селекција на Црна Гора во вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции. Нашите млади фудбалери и на вториот дуел беа поразени, овој пат со убедливи 3:0.

На тренинг центарот во Подгорица, противникот успеа во првиот дел да постигне три гола и да го реши прашањето на победникот. Погодоците ги постигнаа Дамјановиќ, Тадиќ и Скробановиќ. Многу грешки во нашата игра, особено во одбраната резултираа со брзи три гола на противникот.

Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Никола Стојковски,  Даниел Коце, Мартин Јовановиќ, Фљакрон Мемиши, Андреј Љубевски, Кристијан Галевски, Никола Манојлов, Алтин Алији;





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација