Објавено на 19 Април, 2017 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 16 години со победа против Лихтенштајн го започна развојниот турнир на УЕФА кој го организираме во Скопје.
Младите фудбалери предводени од Горан Станиќ со 2:1 славеа на натпреварот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Агон Елези во 10. минута и Џемал Ибиши во 50. минута беа стрелци на головите за македонската репрезентација. Во втората минута од второто полувреме Лукас Грабер го постигна погодокот за гостинската репрезентација.
Македонија до 16 години доминираше, посебно во првото полувреме во кое Елези го постигна водечкиот гол. Шанса за удвојување на предноста имаше Кире Трпчевски, но не ја искористи сто процентната шанса. Во продолжението Лихтенштајн успеа да постигне израмнувачки погодок, но само три минути подоцна избраниците на Станиќ со одличниот гол на Ибиши ја вратија резултатската предност за победа на натпреварот.
МАКЕДОНИЈА до 16 години - ЛИХТЕНШТАЈН до 16 години 2:1 (1:0)
УЕФА развоен турнир / Тренинг центар „Петар Милошевски“
Стрелци: 1:0 - Агон Елези (15`); 1:1 - Лукас Грабер (47`); 2:1 - Џемал Ибиши (50`);
МАКЕДОНИЈА до 16 години: 12. Димитрија Ѓерасимовски, 2. Борис Јакимовски, 6. Божидар Митревски, 7. Кире Трпчевски (Бефтијар Бесир 67`), 9. Давид Тошевски (Куштрим Таири 40`), 10. Агон Елези, 11. Џемал Ибиши, 13. Ване Тасевски (Кристијан Трпчевски 59`), 14. Христијан Стојановски (Ален Личина 57`), 15. Владан Новевски (Емил Скоко 67`), 20. Бојан Димовски (Димитар Тодоровски 40`); Селектор: Горан Станиќ
Лихтенштајн до 16 години: 12. Габриел Фосер, 2. Андрин Нецер (Еденбергер 40`), 4. Лукас Бухел (Хаслер 67`), 6. Фабијан Унтенрајнер, 7. Ноа Грабер, 9. Ферхат Саглам, 10. Ноа Фрик, 11. Лукас Грабер, 16. Тим Шрајбер, 17. Арон Салановиќ, 20. Никлас Бек (Тахири 56`);
На воведниот дуел од турнирот репрезентацијата на Романија со 1:0 славеше
против Израел.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....