Објавено на 14 Март, 2016 во Вести, До 17 год
Во последно време, луѓето од фудбалот, стручниот кадар, се свртени кон основата, кон систематска работа и развој на младинскиот фудбал и во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, преку реализација на низа проекти, како националните академии, подобрување на инфраструктурата преку изградба на игралишта со вештачка трева низ целата земја кои се есенцијални за редовно и квалитетно одвивање на тренажниот процес и кои дирекно ќе придонесат со позитивни резултати.
Потврдата дека процесот се одвива во вистинска насока доаѓа во форма на позитивни резултати и виден напредок како преку добрата игра и резултати, така и преку оптимистичкиот став и самодовербата која репрезентативците на нашите млади селекции ја манифестираат.
По контролниот натпревар кој Македонската селекција до 16 година го одигра со соодветната репрезентација на Црна Гора и убедливиот настап и победа со неверојатни 7-0, накратко поразговаравме со дел од репрезентативците за значењето и развојот на младинскиот фудбал, за очекувањата кои фудбалската јавност ги полага во надежите, за условите за работа и атмосферта во репрезентацијата...
Капитенот на селекцијата до 16
години, Бојан Колевски (15) кој е член на Металург и игра на позиција централен
напаѓач досега има блиску 20 настапи за овој состав, истакнува дека повеќе
фактори влијаат на успехот кој овој состав го постигнува, почнувајќи од тоа што
дел од составот се индивидуалци кои поседуваат исклучителен талент и фудбалска
вештина.
„Италијанецот“ со македонско потекло, Мите Секулов е голман на Про Пјаченца и на оваа можност за настап во составот на македонската репрезентација до 16 години гледа како на огромна чест и задоволство. Истакнува дека атмосферата помеѓу играчите независно од која средина доаѓаат е извонредна, склопен е состав кој одлично функционира како на терен така и надвор од него. Владее позитивна енергија, скоро братска, и сите се прифатени како дел од овој колектив кој има една заедничка цел.
Како член на Националната фудбалска
академија, го запрашавме Колевски за искуството и ефектите од една ваков проект
... „Индивидуално, навистина сум
задоволен од условите кои ги нуди фудбалската акадамија. Згрижени сме од аспект
на внимание и постојаниот мониторинг кои
ни се посветуваат, моментално мојата генерација работи под раководство на селекторот
на репрезентацијата до 16 години, Добринко Илиевски, потоа обезбедена ни е
соодветна спортска опрема и клучно според мене на располагање имаме современи
терени со вештачка трева кои се повеќе од потребни и значајни за спроведување
на наставата. Направен е модифициран
наставен план кој ни овозможува да се сконцентрираме на развој на фудбалската
игра и техничко – тактички елементи, а истовремено имаме можност да го следиме и
образовниот процес. Понатаму, сакам да истакнам дека покрај тоа што академијата
генерира квалитетни фудбалери од репрезентативен калибар, истовремено огромен
бенефит од нашиот напредок и развој имаат и клубовите за кои настапуваме. Со
тек на време се развива една заемна соработка на релација академија – клуб што
секако ултимативно придонесува за изградба на солидни пред се личности и
фудбалери кои еден ден ќе бидат носители и на играта во А репрезентативниот
состав на Македонија.“
Следните предизвици што ја очекуваат младата селекција на Македонија до 16 година, се неколку турнири на кои силите ќе ги одмерат со своите врсници од повеќе европски земји. Сите овие настапи и квалитетни игри кои ги презентираат македонските надежи неизбежно придонесуваат за нивна дополнителна промоција која ги става на мета на јавноста, медиумите и претставуваат потенцијална шанса и отскочна даска заинтернационална кариера и меѓународен успех. За крај сите тројца беа едногласни:
„Желбата на секој млад фудбалер е секогаш да се стреми кон подобар клуб, поголем трансфер, така и ние, работиме максимално посветено, даваме се од себе и секако се надеваме дека еден ден ќе бидеме дел од некој голем европски фудбалски клуб и секако секогаш на располагање на македонската репрезентација.“