Објавено на 22 Ноември, 2022 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 16 години убедливо со 0:4 загуби од Романија на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Младите романски фудбалери заслужено се радуваа на триумфот, откако доминираа во текот на целиот натпревар. Постигаа по два гола во двете полувремиња, а создадоа и многу повеќе опасни прилики за погодок во однос на нашата селекција.
Јанис Пирву уште во 3. минута ја најави гостинската победа, а пред полувреме, во 37. минута прецизен беше и Петкулеску. Во продолжението, Илие зголеми на 3:0 во 57. минута, а конечниот резултат го постави Тома во 72. минута.
Македонија до 16 години: Давид Илиоски, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Али Хисар (Златко Радевски), Марко Киш (Абдула Аслани), Стефан Младеновски, Каменчо Андоновски (Александар Грашевски), Алија Андреев (Марко Блажевски), Дејан Силјановски (Шаини Беркаи); Селектор: Дашмир Беари;
Двете репрезентации во четврток во 11:00 часот ќе го одиграат возвратниот контролен натпревар.