Македонија до 16 години поразена од Азебејџан на втората контролна пресметка во Скопје

Објавено на 20 Април, 2023 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена со минимални 2:1 од соодветната селекција на Азербејџан на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски", избраниците на селекторот Дашмир Беари имаа предност со 1:0 до пред самиот крај на мечот, но противникот со два брзи гола успеа да направи комплетен пресврт и да издвојува победа.

Во првите 45. минути, видовме еден неизвесен и трвд натпревар со многу борба и тактичка игра на средината на теренот. Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Македонија во 60. минута преку Хисар Али поведе со 1:0. Во 87. минута Фарзулијаев го израмнува резултатот. Истиот играч во последната минута од судиското продолжение постигнува нов погодок за предност и победа на селекцијата на Азербејџан.

Македонија: Игор Ристов, Лука Атанасовски, Здравко Перески, Хисар Али, Каменчо Андоновски, Беркај Шаини, Онур Бешир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Адмир Латифи, Давид Ивановски;

Селектор: Дашмир Беари;




   
   
А репрезентација