Објавено на 07 Ноември, 2019 во Вести, До 17 год
Македонската репрезентација до 16 години (генерација 2004.) одигра нерешено 2:2 против Романија до 16 години на возвратниот пријателски натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Нашата репрезентација предводена од селекторот Драган Канатларовски испушти победа во последната минута од дуелот, откако грешката на голманот Васко Василев ја казни Неаску во 90. минута.
Четирите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Бесар Гучуфи беше двоен стрелец за македонската репрезентација со головите за водство од 1:0 во 71. минута и за 2:1 во 82. минута.
Во договор меѓу двете селекции, победникот го одлучуваа пенали, а нашата селекција славеше со 7:6.
Македонија до 16 години: Васко Василев, Мирче Стоилов, Бљенд Зекири, Енис Буќи, Матеј Ангелов, Матеј Ѓорѓиев, Михаил Талевски, Бесар Гуџуфи, Никола Павлески, Давид Љушев, Матео Софијаноски;
Замени: Стефан Тасев, Марко Ристов, Дашмир Елези, Георг Стојановски, Игор Јаневски, Огнен Здравковски, Борјан Попоски, Мите Митев, Хамза Меметриза; Селектор: Драган Канатларовски;
Првиот натпревар заврши без голови 0:0.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....