Објавено на 03 Април, 2016 во Вести, До 17 год
Кадетската репрезентација на Македонија се пласираше во финалето од меморијалниот турнир „Јосип Каталински – Шкија“ кој се одржува во Зеница и Сараево. Во полуфиналниот дуел селекцијата на Македонија до 16 години ја совлада селекцијата на Сараево и Источно Сараево со 2:0. Во пресметката за трофејот, Македонија до 16 години ќе игра против кадетската репрезентација на Босна и Херцеговина.
Натпреварот против заедничката селекција на Сараево беше решен во второто полувреме. Саит Битиќи во 58. минута го постигна водечкиот гол
за Македонија на натпреварот против заедничката селекција на Сараево. Од
слободен удар нафрли Јакимовски, а младиот напаѓач атрактивно, со пета го
постигна погодокот за 1:0. Бојан Колевски во 80. минута ја потврди победата за
селекцијата која ја предводи Добринко Илиевски.
Тренинг центар ФС биХ, Зеница
Стрелци: 1:0 Саит Битиќи (58`), 2:0 Бојан Колевски (80`)
Македонија: Малик Зибери, Зоран Ивановски, Филип Антоновски, Бојан Јакимовски, Стефан Симоновски, Никола Спасов, Васил Крстев, Лука Трајковски, Енис Фазлагиќ, Муса Мемедовски, Саит Битиќи; Во игра влегоа: Бојан Колевски, Енсар Љума, Александар Ѓоргиески, Алтин Сефо, Кристијан Додевски, Виктор Ризанковски. Селектор: Добринко Илиевски;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....